Фотографија на денот: Среќна Нова Година на свињата | Панорама | DW | 05.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Среќна Нова Година на свињата

Ширум Кина но и секаде каде што живеат Кинези, деновиве сеприсутни се свињи и прасиња во најразлични форми.Токму како и на оваа #ФотографијаНаДенот направена во градот Нанинг.

Сето во чест на Новата година, која според кинескиот календар почнува денеска и ќе биде во знакот на свињата. Свињите, според верувањето на Кинезите, носат среќа, богатство и задоволство. Тие важат за разумни и присебни. Најсреќен во новата година ќе биде оној кој ќе се ангажира за социјални цели или за заедницата. Кога Кина во 2007 година последен пат ја славеше годината на свињата, значително порасна бројот на новороденчиња.

 

DW.COM

Реклама