Фотографија на денот: Спремни за на трпеза | Панорама | DW | 22.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Спремни за на трпеза

За разлика од двете мисирки кои ги помилува американскиот претседател Доналд Трамп по повод националниот празник, Денот на благодарноста, овие германски гуски нема да го избегнат печењето во рерна.

Традиционално во предбожикниот период и на Божик на германските трпези се наоѓа печена гуска. На нашата #ФотографијаНаДенот гледате јато товени гуски на ливада во Ведемарк. За гурманското задоволство Германците годинава ќе треба подлабоко да брцнат во џебот - според Германската комора за земјоделство, цената на гускино месо од домашно производство се движи меѓу девет и седумнаесет евра по килограм.

 

Реклама