Фотографија на денот: Спектакл за големиот јубилеј | Свет | DW | 01.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Спектакл за големиот јубилеј

Кина денеска ја прослави стогодишнината од основањето на владејачката Комунистичка партија со спектакуларна церемонија на плоштадот Тјенанмен во Пекинг.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг на церемонијата истакна дека кинескиот подем до светската велесила е неповратен историски процес.

Пред огромниот портрет на основачот на Комунистичката партија и на државата Мао Цетунг, Ши истакна дека партијата извадила милиони луѓе од сиромаштија и оти придонела многу за глобалниот развој.  

„Кинескиот народ се крена. Помина времето на газење, угнетување и страдање на кинескиот народ", рече Ши пред големата толпа собрана на плоштадот Тјенанмен во центарот на Пекинг.

Повеќе:

-Почна Народниот конгрес во Кина: Нервоза и славје

-Кина пред Народниот конгрес: Напнато расположение и Ши Џинпинг-апликација

-Ши Џинпинг и „кинескиот сон“

На помпезната церемонија учествуваа илјадници пејачи кои пееја патриотски песни. Борбени авиони летаа во формација над плоштадот Тјенанмен, хеликоптерите го формираа бројот 100 на небото. 

   Кинеската комунистичка партија е основана во Шангај  во летото 1921 година од страна на Мао и мала група соработници. Денес таа има околу 95 милиони членови.