Фотографија на денот: Спасот доаѓа од воздух | Информации и анализи за Германија | DW | 16.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Спасот доаѓа од воздух

Поплавени сообраќајници, куќи под вода – спасувачките екипи на многу места во поплавените подрачја во Германија можат да дојдат само со чамци или со хеликоптери.

Последиците од катастрофалната поплава на многу места во Германија се непрегледни, зашто има прекини на електричната енергија и телефонските линии. Стотици луѓе се водат за исчезнати. Бројот на жртвите во меѓувреме се искачи на преку 80. Поплавените улици пак го отежнуваат спасувањето на луѓето опколени од водените маси. Цели куќи се наоѓаат под вода, станарите засолниште нашле на покривите, од каде можат да бидат спасени само по воздушен пат со помош на хеликоптери.

Во вакви спасувачки акции од воздух учествуваат и хеликоптери на Бундесверот, како на оваа фотографија направена во Свистал, гратче во покраината Северна Рајна Вестфалија.

 

 

Поврзана содржина