Фотографија на денот: Со тренерки не! | Панорама | DW | 19.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Со тренерки не!

Таблата со натписот „Ние велиме НЕ на тренерките - Ви благодариме за разбирањето“ виси на влезната врата во кафулето „Le Theatre“ во Штутгарт.

„Тенденција во модата е сѐ да биде малку покомотно, а дел од муштериите тоа понекогаш го мешаат, па мислат дека со тренерки може да дојдат и во кафулето“, објаснува шефот на кафулето „Le Theatre“, Штефан Гаус. Тој смета дека е легитимно да ги врати назад гостите со тренерки. „Така е и во диско“, нагласува Гаус. Сепак, ако гостинот дотогаш не знаел, првиот пат го замолуваат да внимава за натаму, а ако спортската облека е стилски комбинирана, „тогаш тоа е нешто друго“, велат во кафулето во Штутгарт.

Реклама