Фотографија на денот: Со лопата во борба за спас на Малешевијата | Северна Македонија | DW | 07.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Со лопата во борба за спас на Малешевијата

Нашата #ФотографијаНаДенот му ја посветуваме на овој човек кој тргна во битка против пожарите во Малешевијата „вооружен“ со лопата. Битката со огнената стихија во близина на селата Робово и Мачево траеше цела ноќ.

Пожарите во С. Македонија не стивнуваат, а најкритична е состојбата во пехчевско и беровско. Покрај локалното население во битката против стихијата кај овие села во Малешевијата учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа.

Во непосредна близина се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со девет цистерни, како и дополнителна опрема и луѓе од „Национални шуми“. 

Во целиот овој регион се концентрирани уште многу сили, а вчера доцна попладнето беа испратени три хеликоптери од кои еден македонски и два српски кон беровското село Мачево. 

Гледај видео 02:01

Бурна ноќ во костец со стихијата

Повеќе:

-На „плажа“ во Пехчево

-Критична состојба со пожарите- Полицијата во „лов“ на пироманите

-За кого бијат камбаните: нова помош во битката со огнот!

Таму ситуацијата со пожарот беше многу критична и имаше опасност огнот да зафати неколку куќи. Денеска утрината хеликоптерите продолжија со гаснење на пожарот.

На тој потег со пожарите се борат вкупно над 350 луѓе, но ветрот им ја отежнува работата. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви и необработливи површини, се сечат дрвја се со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење, информираат од ЦУК.

Вчера доцна попладнето беа испратени три хеликоптери од кои еден македонски и два српски кон беровското село Мачево, каде ситуацијата со пожарот беше многу критична и имаше опасност огнот да зафати неколку куќи. 

 

 

Поврзана содржина