Фотографија на денот: Снег и мраз - сообраќаен хаос во Германија | Панорама | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Снег и мраз - сообраќаен хаос во Германија

Снегот и мразот на викендот им предизвикаа проблеми на патниците: отежнати услови на автопатиштата, што резултираа со бројни сообраќајки, пречки во железничкиот и авионскиот сообраќај.

Во повеќе региони на Германија снегот и мразот на викендот им предизвикаа проблеми на патниците: отежнати услови на автопатиштата, што резултираа со бројни сообраќајки, пречки во железничкиот и авионскиот сообраќај. На најголемиот германски аеродром во Франкфурт вчера беа откажани или пренасочени преку 260 летови, портпаролка на аеродромот ситуацијата ја означи за драматична. Доцнења и анулирани летови имаше и на аеродромите Келн/Бон, Штутгарт, Бремен и Минхен, како и на аеродромот во Диселдорф, на оваа #Фотографија на денот.

Реклама