Фотографија на денот: Снегот предизвика хаос | Свет | DW | 07.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Снегот предизвика хаос

Рекордни наноси од снег и силен дожд предизвикаа хаос во Австрија и северна Италија.

Во Јужен Тирол е прогласен највисок степен на предупредување од лавини, а затворени се и патишта и железнички линии. Поради паднати дрвја илјадници домаќинства се без струја. Училиштата на почетокот од неделава остануваат затворени. Според мерењата, во некои делови од Австрија и Италија падна рекордно многу снег во период од едно деноноќие, како кај Бренер, каде за само шест часа паднаа 90 сантиметри нов снег.