Фотографија на денот: Смртоносен напад во џамии во Крајстчрч | Свет | DW | 15.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Смртоносен напад во џамии во Крајстчрч

Во веројатен терористички напад врз џамии во новозеландскиот град убиени се најмалку 40 луѓе. Главноосомничен за нападот е еден Австралиец, екстремен десничар.

Во две џамии во градот Крајстчрч за време на петочната молитва беше отворен за верниците.. Според премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, 40 лица загинале, а повеќе од 20 се повредени во нападот. Според полицијата, тројца мажи и една жена биле уапсени. Не е јасно дали наводниот сторител е меѓу нив. Во моментов нема други осомничени лица, се вели во соопштението. Ардерн го нарече нападот -терористички акт. Таа го подигна нивото на тревога од терористички напади во земјата на „високо".

Според австралискиот премиер Скот Морисон, уапсениот главно осомничен е Австралиец. Морисон зборуваше за „екстремно-десничарски  насилен терорист".

Триесет лица загинаа во џамијата Ал Нур во центарот на градот. Седум лица загинаа во втората џамија во предградието Линвуд, а уште три лица надвор од џамијата. Според извештаите на очевидци, сторителот бил бел човек облечен во маскирна облека со шлем и непробоен елек. Според портпаролот на полицијата, исто така, биле деактивирани неколку експлозиви, кои биле прикачени на автомобили.

Реклама