Фотографија на денот: Смогот и Ковид-19 | Панорама | DW | 10.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Смогот и Ковид-19

Главниот град на Индија, повторно страда од екстремно загадениот воздух. Експертите проценуваат дека тоа е една од причините и за рекордниот број на нови случаи на Ковид-19 во Њу Делхи.

Дневните рекорди на нови корона-инфекции кои деновиве ги пријавува Њу Делхи, според индиските здравствени експерти освен на загадувањето на воздухот, се должат и на поладното време и на турканиците на пазарите за време на актуелната празнична сезона.

Квалитетот на воздухот во индискиот главен град континуирано се влошува во изминативе денови и сега се бележи „тешка загаденост“. Но и покрај притисокот на пандемијата и смогот, луѓето мора да продолжат со животот и работат, како впрочем и продавачот на шеќерна волна на оваа #ФотографијаНаДенот.

Инаку вчера Њу Делхи пријави рекордни преку 7700 нови корона-инфекции за 24 часа.

Повеќе:

-Сезона на опасно живеење во Скопје: меѓу загаден воздух и Ковид-19

Експертите предвидуваат дека во вакци услови на загаденост на воздухот и поладното време во текот на зимата таа бројка ќе се искачи на 15.000. 

Реклама