Фотографија на денот: Скара над вода | Панорама | DW | 29.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Скара над вода

Капење во топла изворска вода, полна со овошје и зеленчук и згора на тоа - уживање во скара која буквално ви виси пред носот - веројатно за многумина тешко замислива сцена, која меѓутоа е и тоа како реална.

Во кинескиот град Хангжу ова весело друштво ужива токму во вакви услови. Хангжу е омилена туристичка цел и има многу ресурси - прекрасна околина, историски споменици, светски позната култура на производство и конзумирање чај. Уште во 13 век познатиот светски истражувач Марко Поло го фалел Хангоу како најубавиот град на светот.

Реклама