Фотографија на денот: Сиријците со мурал и посакуваат здравје на Меркел | Панорама | DW | 29.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Сиријците со мурал и посакуваат здравје на Меркел

Сириски уметник со графит ја изрази радоста што германската канцеларка Ангела Меркел досега не е заразена со коронавирусот. Двата теста на Меркел беа негативни

„Госпоѓо Меркел, Вашата благосостојба не радува во Идлиб“, напиша сирискиот уметник Азиз ал-Асмар на ѕид во градот Биниш во Идлиб. Меркел е популарна во делови на Сирија поради тоа што дозволи бегалци од земјата растргната од граѓанска војна.
Германската канцеларка од минатата недела е во карантин откако била во контакт со лекар заразен со Ковид-19. Двата теста кои досега и беа направени беа негативни.
„Откако стана јасно дека корона тестот е негативен и таа е здрава, и испративме порака дека ние во Идлиб сме среќни поради тоа“, вели уметникот.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама