Фотографија на денот: Синило на Балтикот | Панорама | DW | 23.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Синило на Балтикот

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена за време на таканаречениот „син час“- момент по заоѓањето на сонцето а пред целосниот мрак- над морскиот мост во Зелин, на островот Риген.

Првиот ваков мост- пристаниште на германскиот остров на Балтичкото море беше изграден уште во 1906 година. Риген и другите летувалишта на Балтичкото море станувааѕ сѐ попопуларна дестинација. Германската покраина Мекленбург Предна Померанија само од мај годинава забележа 9,3 милиони ноќевања, што е за 10 проценти повеќе од истиот период во минатата година.

DW.COM

Реклама