Фотографија на денот: Се бара спас за децата од Морија | Свет | DW | 11.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Се бара спас за децата од Морија

Катастрофата во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос ја потресе Европа. По големиот пожар во кампот, Германија и Франција најавија прием на малолетни бегалци.

Владата во Берлин се' уште нема соопштено конкретен број на деца кои ќе бидат прифатени. Во меѓувреме, десет германски градови испратија писмо до сојузната влада во кое нудат сместување за бегалци. Тие апелираат до канцеларката Меркел и министерот за внатрешни работи Зехофер да отворат пат за прием на бегалците. Министерството за внатрешни работи досега одбиваше преземање самостојни чекори. Дел од германските политичари сметаат дека треба да се чека на заедничко европско решение. Во кампот Морија, наместо планираните 3000, беа сместени 12.000 бегалци во ужасни услови. Меѓу нив и ова момченце, кое по пожарот седи беспомошно пред изгорените шатори во Морија.

Реклама