Фотографија на денот: Сеќавање на најголемата битка во Првата светска војна | Свет | DW | 09.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фотографија на денот: Сеќавање на најголемата битка во Првата светска војна

На #ФотографијаНаДенот е прикажан дел од илјадниците фигури од инсталацијата „Платната од Сома“ на британскиот уметник Роб Хард поставени во Олимпискиот парк Кралица Елизабета во Лондон.

Секоја од рачно изработените фигури претставува еден војник од вкупно 72.396 војници на Британскиот Комонвлет кои загинале во најголемата битка во Првата светска војна - битката на Сома, а на кои не им се знае гробот.

Уметникот Роб Хард, кој фигурите ги изработуваше рачно цели пет години вели: „Тоа се индивидуи, не само број. А, тоа толку често се заборава.“

Во битката на Сома, инаку, вкупно загинаа или беа ранети повеќе од еден милион војници. Битката во северна Франција почна во јули 1916 година, а траеше пет месеци. 

Реклама