Фотографија на денот: Сепак празни трибини на отворањето на сезоната | Панорама | DW | 18.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Сепак празни трибини на отворањето на сезоната

Вечерва со натпреварот Бајерн- Шалке започнува новата сезона во Бундеслигата. Иако Минхенчани се надеваа на 7500 гледачи, градските власти поради растечкиот број случаи на Ковид-19 забранијa публика на Алијанц арената.

Неделава германските власти одобрија во пробна фаза да дозволат исполнетост 20 проценти од стадионите со навивачи во првата и втората фудбалска Бундеслига. Бајерн од Минхен веќе беше претпазливи и планираше  со стапка на исполнетост од десет проценти, односно 7500 гледачи. Но, деновиве Минхен бележи значително зголемување на нови инфекции од коронавирусот, така што градските власти сепак забранија присуство на навивачи на натпреварот меѓу Бајерн и Шалке со кој се отвора новата сезона во првата Бундеслига. Останатите натпревари од првото коло за време на претстојниот викенд, според досегашните најави, би требало да се играат пред публика.