1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Сензационални ѕидни цртежи од леденото доба

СН/агенции
4 декември 2020

Среде прашумата во Колумбија, археолозите откриле десетици илјади праисториски цртежи на животни и луѓе. Бидејќи на нив може да се видат и изумрени животни, се верува дека тие се стари повеќе од 12.500 години.

https://p.dw.com/p/3mDFE
Kolumbien Felsmalereien
Фотографија: Guillermo Legaria/AFP

Ѕидни слики кои го одземаат здивот: на површина од речиси 12 километри има геометриски форми и десетици илјади слики на животни и луѓе: риби, желки, гуштери и птици, луѓе што танцуваат или се држат за раце, фигури со маски, многу отпечатоци од рака. Посебно фасцинантно е колку детални и живи се некои претстави.

На ѕидните цртежи во колумбиската прашума можат да се видат и животни кои одамна изумреле, како праисториски коњи или палеолама, изумрено животно налик на камила. Може дури и да се видат цртежи мастодон, праисториски роднина на слонот, кој не живее во Јужна Америка најмалку 12 000 години. Поради сето ова се верува дека  ѕидните цртежи биле направени пред повеќе од 12.500 години.

Праисториските ѕидни цртежи биле откриени уште во минатата година од британско-колумбиски истражувачки тим, но сензационалното откритие се чувало во тајност во пресрет на  документарниот серијал на британската телевизија- Канал 4: „Мистеријата во џунглата: Изгубени кралства на Амазон“ , кој ќе биде прикажанво текот на декември.