Фотографија на денот: Сезоната на смогот во Пекинг зема замав | Панорама | DW | 29.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Сезоната на смогот во Пекинг зема замав

Ништо освен сиво небо. Кинескиот главен град, секоја зима се гуши во смог. Само месецов властите издадоа две предупредувања за високо загадување на воздухот во Пекинг.

Последниот аларм беше во понеделникот (26.11.), кога е направена и оваа #ФотографијаНаДенот. Смогот беше исклучително густ а  квалитетот на воздухот најлош во последните 18 месеци. Имено концентрацијата на суспендирани честички ПМ 2,5 кои важат за најопасни по здравјето микрочестички се искачи на 328. Тоа е за 15 пати повеќе од најгорната вредност препорачана од Светската здравствена организација. Сезоната на маските во милионската метропола значи зема замав.

DW.COM

Реклама