Фотографија на денот: Светски конгрес на Дедомразовците | Панорама | DW | 24.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Светски конгрес на Дедомразовците

Во зима се зафатени, а во лето се на работна средба: во Забавниот парк Бакен кај Копенхаген од 23 до 26. јули се одржува Светскиот конгрес на Дедомразовците.

Што прават Дедомразовците всушност во лето? #ФотографијаНаДенот покажува: не одат на Северен пол да се закопаат во снег, туку - се капат во море! И тоа во Данска, каде во Забавниот парк Бакен кај Копенхаген од 23 до 26. јули се среќаваат брадестите Дедомразовци од бројни земји. На летни температури од 26 степени, понекој Дедо Мраз црвената зимска облека ја заменува со црвени гаќи за капење. Зошто Дедомразовците се среќаваат на својот светски конгрес во лето? Многу едноставно, во декември по правило се премногу зафатени, се вели на веб-страницата World Santa Claus Congress.

 

Реклама