Фотографија на денот: Светски ден на тоалетите | Панорама | DW | 19.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Светски ден на тоалетите

На денешниот Светски ден на тоалетите, ОН потсетуваат дека во многу региони во светот санитарните јазли се во исклучително лоша состојба.

На ова „тивко место“ секој човек мора да отиде повеќепати на ден, но тоалетите се еден вид табу тема. Германската Организација за тоалети истакнува дека во светот 4,2 милијарди луѓе немаат сигурни и хигиенски санитарни простории, а околу 673 милиони луѓе своите физиолошки потреби мора да ги вршат на отворено - последица се болести како колера, тифус, полио или хепатитис. Една од глобалните цели претставува таа, до 2030 година сите луѓе во светот да добијат пристап кон безбедни тоалети и чиста вода.

 

Реклама