Фотографија на денот: Светот преполн со бегалци | Свет | DW | 19.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Светот преполн со бегалци

Бројот на бегалци во светот достигна нов рекорд.

На крајот на 2018 година во светот имало 70,8 милиони бегалци, протерани и баратели на азил, соопшти високиот комесар за бегалци Филипо Гранди. Тоа се 2,3 милиони бегалци повеќе од годината пред тоа, односно највисок број откако Високиот комесаријат за бегалци почна со нивно пребројување во 1950-та година.

Меѓу бегалците е и десетгодишниот Алан Хозе од Хондурас. Момчето нашата #ФотографијаНаДенот беше дел од караванот со илјадници бегалци од централна Америка упатени кон САД. Патот засега е завршен - во центарот Тапахула, во Мексико.

Реклама