Фотографија на денот: Самокрунисување во време на коронавирус | Панорама | DW | 03.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Самокрунисување во време на коронавирус

Во вонредни времиња на пандемија на коронавирус, модофициран е и традиционалниот избор на кралица на шпарглите, со кој официјално се отвора сезоната на шпаргли. Овојпат кралицата сама си ја стави круната

Претседателот на Здружението на производителите на шпаргли (аспарагус) во јужен Хесен, Ролф Мајнхарт, клечи на пропишано растојание од Саскија Кинцер од Дармштат, годинешна кралица на шпарглите. Таа мораше да се круниса сама себе си поради правилата за дистанцирање кои важат поради пандемијата на коронавирус. Изостана и големата фешта која се одржува традиционално секоја година, собири се забранети. Со крунисувањето официјално е отворена сезоната на шпаргли.

Во последен момент германската влада го реши проблемот кој се ја доведуваше во прашање бербата на шпаргли и други земјоделски производи. Министерствата  за внатрешни работи, земјоделство и труд се усогласија во април и во мај, без оглед на затворањето на границите, во Германија да добијат дозвола да допатуваат по 40.000 сезонски работници, претежно од источноевропските земји. Притоа, ќе се врши строга контрола при влезот, доколку кај некого постои индиција за инфицираност со коронавирус, нема да добие дозвола за влез во земјата. Допатуваните сезонци неколку недели нема да имаат директен контакт со останатите земјоделски работници и нема да смеат да ги напуштаат границите на земјоделските стопанства. Сепак, дозволените контигенти нема да бидат доволни да ја пополнат празнината во споредба со минатите години. Преку целата година, германското земјоделство има потреба од околу 300.000 сезонски работници, а преку 90 проценти од нив доаѓаат надвор од Германија. Тие претставуваат околу една третина од работната сила во браншата.

 

Реклама