Фотографија на денот: Сала за ракометни соништа | Панорама | DW | 01.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Сала за ракометни соништа

Јубилејна десетта година по ред финалниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во ракомет се одржува во Келн. Прекрасната Ланксес арена била сведок на врвен ракомет, драматични моменти и спортски чуда.

Едно од тие чуда беше победата на РК Вардар во финалниот турнир пред три години. Македонскиот ракометен шампион и годинава ќе се обиде од улога на аутсајдер да го повторни успехот од 2017 година.  Противник во полуфиналниот меч е екипата на фаворитот Барселона која е еден од најредовните учесници на Ф4 турнирот во Келн. Сепак Вардар е единствениот клуб кој успеал трипати едно по друго  да обезбеди место на „ракометото славје“ во Ланксес арената. Посакуваната победа над Барселона ќе значи пласман во финалето каде противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу полскиот Кјелце и унгарскиот Веспрем. Ланксес арената е секогаш подготвена за ново чудо. 

За загревање потсетуваме на убавите моменти од прет три години:

 

DW.COM

Реклама