Фотографија на денот: Сакате Ангела Меркел од марципан? | Панорама | DW | 15.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Сакате Ангела Меркел од марципан?

Германската канцеларка на заминување во форма на слатка утеха – идеја на производител на марципан од Вајлбах во Оденвалд.

По 16 години на чело на германската влада, канцеларката Ангела Меркел заминува од политиката. Производител на марципан од Оденвалд сака простувањето од канцеларката на нејзините фанови да им го заслади со посебен сувенир. Марципанскиот сувенир со ликот на канцеларката има рок на траење од две години, значи конечното простување од Ангела Меркел може да се пролонгира, како што истакнува намигнувајќи шефот на манифактурата, Томас Цубер. Бројот на произведени марципански примероци со ликот на канцеларката е ограничен на околу 500, значи вистинските симпатизери на Меркел треба да побрзаат ако сакаат да го имаат.