Фотографија на денот: Сагар ќе ги прогнозира резултатите на Мундијалот | Панорама | DW | 13.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Сагар ќе ги прогнозира резултатите на Мундијалот

На оваа #ФотографијаНаДенот снежниот леопард Сагар ужива на сонцето во својот дом во Зоолошката градина во германскиот град Нојкирхен. Наскоро, меѓутоа, него го очекува многу важен предизвик.

За време на Светското првенство во Русија, дивата мачка треба како животински претскажувач да го типува победникот на секој натпревар на Мундијалот. Сагар имено ќе одбира меѓу две топки на кои ќе бидат залепени државните знамиња на репрезентациите кои ќе го играат мечот. Инаку животните како фудбалски претскажувачи веќе имаат богата традиција. Покрај прочуениот октопод Паул, кој со неговите прогнози за СП во 2010 стана ѕвезда, како фудбалски експерти се обиделе и коали, слонови, видри...

На нив потсетуваме во следнава галерија:

DW.COM