Фотографија на денот: Рози во изобилство, за жал | Економија | DW | 26.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Фотографија на денот: Рози во изобилство, за жал

Две третини од сите продадени рози во Германија потекнуваат од Кенија. Повеќе од 7000 тони се увезуваат од источно-африканската земја секоја година. Но, поради пандемијата на коронавирусот, испораката е во застој.

Со нив би требало да се изрази нежност и да се израдуваат луѓето на кои им се подаруваат. Но, белите рози на фармата „Блис Флора“ во Кенија би можеле да завршат во отпад пред да бидат продадени.

Европскиот пазар за цвеќиња се распадна како последица на корона-кризата.

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Транспортот на цвеќе станува невозможна мисија. Само во „Блис Флора“, секој ден се собираат околу 120.000 рози за извоз.

Реклама