Фотографија на денот: Роботот автостопер | Панорама | DW | 22.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Роботот автостопер

Роботот автостопер заврши во музеј во Падерборн.

Таканаречениот хичбот е неподвижен и може само да испружи една рака и прстите. Тој како вистински автостопер ве моли да го качите во возилото. Научниците го испратија роботот автостопер на патување низ САД, Канада, Германија и Холандија. Само на американскиот континент тој помина 6000 километри. Првиот хичбот во светот, кој патуваше четири години, е дел од социјален експеримент. Научниците сакаат да истражат како луѓето се однесуваат и комуницираат со роботите.

Реклама