Фотографија на денот: Рекордно голем Бундестаг | Информации и анализи за Германија | DW | 27.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Рекордно голем Бундестаг

Германија по вчерашните избори доби нов парламентарен состав. Новиот Бундестаг ќе има рекорден број пратеници.

Како што соопшти германската Сојузна изборна комисија, при објавувањето на привремените официјални резултати од изборите, утрината во 6 часот новоизбраниот парламент ќе брои 735  пратеници. Во досегашниот состав на Бундестагот имаше 709. И тоа имено веќе беше рекорд. 

Infografik BTW21 Wahlergebnis MK 0502

Во дваесетиот состав на Бундестагот, според прелиминарните изборни резултати, партиите ќе го имаат следниот број мандати односно пратеници.

СПД - 206

ЦДУ/ЦСУ - 196

Зелените - 118

ФДП - 92

АфД - 83

Левица - 39

ССВ - 1

Во Бундестагот со еден мандат влегува партијата на националното малцинство Здружение на јужен Шлезвиг (ССВ) за која не важи прагот од 5 отсто.

Излезеноста на избирачите беше 76,6 отсто. Делот со неважечки други гласови изнесува 0,9 насто, а делот на неважечки први гласови 1,1 отсто.

Конечните резултати Сојузната изборна комисија веројатно ќе ги објави на јавното заседание на Бундестагот на 15 октомври.