Фотографија на денот: Рекордна цена за розевиот дијамант | Панорама | DW | 14.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Рекордна цена за розевиот дијамант

Розевиот дијамант „Pink Legacy“, тежок 19 карати, е продаден во Женева за рекордна цена од околу 50 милиони долари (44 милиони евра).

Дијамантот го купи американскиот јувелир Хери Винстон. 2,6 милиони долари за карат е светски рекорд за еден розев дијамант, изјави шефот на аукциската куќа Кристи за Европа, Франсоа Куриел. „За мене овој камен е Леонардо да Винчи на дијамантите“, изјави Куриел.

„Pink Legacy“ долго време беше во сопственост на семејството Опенхајмер, кое во минатото раководеше со концернот „Де Берс“, кој се занимава со ископување, обработка и продажба на природни дијаманти. Драгоцениот камен е пронајден во Јужноафриканската Република пред повеќе од 100 години.

Досегашниот рекорд во делот на розеви дијаманти го држеше 15 каратниот „Pink Promise“, кој беше продаден минатата година во Хонг Конг за речиси 32,5 милиони долари.

Реклама