Фотографија на денот: Работа на поле во тешки времиња | Економија | DW | 27.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Фотографија на денот: Работа на поле во тешки времиња

Едвај еден процент од сите вработени во Германија работат во земјоделството. Тие се особено важни сега во корона-кризата бидејќи треба да го гарантираат снабдувањето со храна на населението.

Oвој земјоделец во Ебсторф во германската покраина Долна Саксонија на приквечерина ја обработува почвата за сеидба. Тој и многу други земјоделци во земјата исто така страдаат од кризата со коронавирусот. Имено, поради затворањето на границите недостасуваат сезонските работници од источна Европа, (околу 200 илјади), кои се од клучно значење за успешните сеидби и берби и жетви, кои претстојат.

-Корона: Од каде сега да се најдат помошници за жетвата?

Во исто време, пак, земјоделците треба да гарантираат снабдувањето со прехранбени производи на населението. Навистина тешка задача во ова тешко време!

 

 

DW.COM

Реклама