Фотографија на денот: Пчелите се популарни | Панорама | DW | 03.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пчелите се популарни

На #ФотографијаНаДенот денеска - вредната пчела од ливадите околу Минхен.

Пчелите се омилен мотив не само за фотографите. Интересот за нив постојано се зголемува, а тоа го потврдуваат и податоците на Германскиот пчеларски сојуз. Имено, бројот на пчелари во земјата во изминатите 10 години е зголемен за дури една третина. Причината за тоа се гледа во зголемениот интерес за природата и за еколошките теми воопшто. Освен тоа, сѐ повеќе луѓе придонесуваат за зачувување на разноликоста на видовите.

Законски погледнато, за да се биде пчелар во Германија не мора да се има стручно образование за тоа, но практично погледнато „без образование и знаење не оди“, нагласува раководителот на сојузот на пчелари, Олаф Лик.

Реклама