Фотографија на денот: Путин на свадба | Свет | DW | 20.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Путин на свадба

Главен актер на карикатурата на Сергеј Елкин е рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател во текот на викендот разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, но претходно беше гостин на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл. Гостинот од Кремљ танцуваше со невестата, ѝ подари букет цвеќе, а со себе донесе и хор од Русија кој испеа здравица. Според агенцијата АПА, министерката Кнајсл и нејзиниот сопруг Волфганг Мајлингер на подарок добиле бел Фолксваген „Бубачка“, на кој потпис ставиле сите гости, па и Путин. Рускиот претседател со црвен фломастер напишал: „Брачна двојка: Волфганг и Карин“ и текстот го врамил во срце.

 

Реклама