Фотографија на денот: Путин како рок-ѕвезда | Свет | DW | 18.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Путин како рок-ѕвезда

Неговиот лик е на маички, чаши и мурали - рускиот претседател Владимир Путин во Србија беше дочекан како рок-ѕвезда.

Според официјални наводи, околу 120.000 Срби се собраа на Светосавското плато за да му посакаат добредојде на гостинот, кој на крајот се заблагодари на српски. Медиумите го следеа секој чекор на Путин, кој ја фалеше Србија како братска држава на Русија.

На #ФотографијаНаДенот плакат со ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ, починатиот српски патријарх Павле и рускиот претседател Владимир Путин, кој го носи еден од присутните граѓани пред храмот Свети Сава.

Реклама