Фотографија на денот: Путин и рускиот интернет | Свет | DW | 03.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Путин и рускиот интернет

На Денот на слобода на печатот - карикатурата на Сергеј Елкин која го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како го извлекува кабелот на „светскиот интернет“ од штекер.

Владимир Путин го потпиша законот во средата, а тој ќе стапи во сила во ноември годинава. Критичарите сметаат дека тоа е обид на владата да ги контролира содржините и да ја изолира руската мрежа.

Новиот закон предвидува изградба на нова мрежна инфраструктура, со цел, како што се тврди, да биде постигната поголема ИТ-безбедност. Новата инфраструктура треба да обезбеди функционирање на интернетот во Русија и во случај кога домашните провајдери не можат да воспостават врска со странските сервери. Освен тоа, руските интернет-провајдери би морале да можат да го контролираат интернет-сообраќајот на своите мрежи. На тој начин, наводно, тие треба да идентификуваат и да се борат против потенцијални закани. За контрола, во прв ред, треба да бидат надлежни Надзорната служба за телекомуникации и руски медиуми (Роскомнадзор), како и тајната служба ФСБ.

Во изминатите недели илјадници  луѓе протестираа против законот поради страв од цензура. Освен тоа, десет меѓународни организации за човекови права и слобода на печатот побараа од рускиот претседател Путин да не го потпишува законот.

Реклама