Фотографија на денот: Пустински јастреб „вработен“ во трговски центар | Панорама | DW | 15.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Пустински јастреб „вработен“ во трговски центар

Против намножената популација гулаби, напаст за граѓаните и купувачите во Минхен, е ангажиран јастребот Хилари.

Пустинскиот јастреб Хилари не лови во природа, туку среде град. Тој е ангажиран во трговскиот центар на Карловиот плоштад, во срцето на Минхен, да лови гулаби, кои се намножени и полека стануваат вистинска напаст за купувачите и минувачите. Надлежните во трговскиот центар „Штахус“ претходно се обиделе да ги гонат гулабите пуштајќи различни снимени крици на грабливи птици преку разглас и со ултразвуци, но безуспешно. Хилари сега лета речиси секојдневно, а така ќе биде сѐ додека не се реши проблемот. На #ФотографијаНаДенот: јастребот Хилари на раката на својот дресер, Гинтер Рау.

 

Реклама