Фотографија на денот: Протестот на камионџиите ја блокира Отава – вонредна состојба | Панорама | DW | 07.02.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Протестот на камионџиите ја блокира Отава – вонредна состојба

Околу една недела во главниот канадски град траат масивни демонстрации против корона-мерките. Градоначалникот на Отава во тоа гледа закана за безбедноста на жителите и прогласи вонредна состојба.

Стотици камионџии во Отава ги блокираат главните сообраќајници на главниот град со своите огромни камиони и приколки уште од 29 јануари. Преку т.н. Конвој на мирот тие протестираат против пандемиските мерки и посебно против обврската за вакцинирање против коронавирус и карантин за возачите на камиони кои се враќаат од САД.

Градоначалникот Џим Вотсон смета дека потезите на демонстрантите претставуваат „сериозна опасност за безбедноста на жителите“ на канадската метропола и дека „ситуацијата излегува од контрола“. „Демонстрантите се бројно многу понадмоќни од полицајците, ние ја губиме битката, мораме повторно да си го повратиме градот“, ваков драматичен апел упати градоначалникот, барајќи поддршка и од владата. Во меѓувреме се приведени повеќе демонстранти и поведени истражни постапки против нив.