Фотографија на денот: Протести за независност на Каталонија | Свет | DW | 12.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Протести за независност на Каталонија

Милион луѓе во Барселона демонстрираа за независност на Каталонија.

Шпанскиот автономен регион го прослави националниот празник 11 септември со масовни протести и барања за отцепување од Шпанија. Минатата година се одржа референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија спротивно на волјата на шпанската централна влада. Независност беше прогласена во октомври 2017-та, по што централната влада во Мадрид интервенираше и го смени тогашниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон. Тој потоа побегна во Белгија. Една година по референдумот, анкетите покажуваат дека Каталонците се длабоко поделени по прашањето на независноста - 47% се за отцепување, додека 46% се против.

На националниот празник „Диада“ се потсетува на падот на Барселона за време на Војната за шпанско наследство во 1714 година и укинувањето на нејзините институции и слободи.

Реклама