Фотографија на денот: Пробна пловидба на римски едреник | Панорама | DW | 03.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пробна пловидба на римски едреник

Во Археолошкиот парк Ксантен во Северна Рајна Вестфалија е изградена копија на римски транспортен брод, кој следните две недели плови по Јужното Езеро кај градот Ксантен.

Како пловеле античките бродови? Одговор на ова прашање се обидуваат да најдат археолозите и бродоградителите во Археолошкиот парк Ксантен во Северна Рајна Вестфалија. Тие изградија копија на римски транспортен брод, кој следните две недели плови по Јужното Езеро кај Ксантен. На #ФотографијаНаДенот: „Миневра Тритонија“ е долг 18 метри, широк 4 метри, плод е на двегодишна рачна работа. Првичните сознанија по првата пробна пловидба - бродот не е едноставен за управување, човек може само да се восхитува на некогашната римска посада, велат експертите.

 

Реклама