Фотографија на денот: Пркосење на априлската зима | Панорама | DW | 07.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пркосење на априлската зима

Студен поларен бран во моментов ја има зафатено Германија, носејќи врнежи од снег и температури под нулата. На љубичиците тоа не им пречи, тие имаат развиено одредена отпорност на мраз.

Тврдокорниот студен фронт над Германија деновиве донесе ладно и многу променливо време, кое предизвика големи проблеми во одвивањето на сообраќајот и во други сегметни од секојдневниот живот. Оваа априлска зима претставува предизвик не само за човекот туку и за природата. Но, оваа љубичица фотографирана во местото Баневиц во германската покраина Саксонија ѝ пркоси на непријатната мешавина од дожд, снег и вијулици од зрнест снег.