Фотографија на денот: Природен наместо туристички рај | Панорама | DW | 30.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Природен наместо туристички рај

Од 1. јуни за популарната туристичка дестинација-заливот Маја во Тајланд во сила е 4-месечна забрана за туристи за да им се даде шанса на коралите и подводниот свет да се опорават од долгогодишното уништување.

На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види прекрасниот залив Маја на островот Пи Пи Ле во Тајланд која е вистински магнет за туристи од целиот свет веќе две децении, откако стекна огромна популарност поради филмот „Плажата“, со Леонардо ди Каприо во главната улога. Оттогаш меѓутоа започна и уништувањето на богатиот подводен свет во заливот. Сега, три месеци по воведувањето на забраната меѓутоа тајландските власти објавија дека коралите и подводниот свет интензивно се опоравуваат. По истекот на забраната на 1. октомври, туристи ќе можат да ја посетуваат плажата во ограничен број, а пристапот за чамци и бродови ќе остане целосно забранет. 

 

Реклама