Фотографија на денот: Принудно продолжен распуст | Северна Македонија | DW | 21.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Принудно продолжен распуст

Уште два дена дома наместо во училиште. Засега. Зимскиот распуст за учениците во Македонија е принудно продолжен поради високото загадување на воздухот во земјата.

Продолжениот зимски распуст е една од интервентните мерки и препораки на властите во Македонија за заштита на здравјето на граѓаните, откако земјата викендов уриваше светски рекорди во аерозагадувањето. Скопје имено во еден часот по полноќ во саботата беше најзагаден град во светот со енормно количество на ПМ10 честички во воздухот. Покрај поместувањето на стартот на второто училишно полугодие, во главниот град јавниот превоз е бесплатен, паркингот е двојно поскапен а итно се прекинати и активностите на градилиштата под надлежност на градската управа... Ситуацијата со аерозагадувањето не е многу подобра ниту во Тетово, Битола, Прилеп, Струмица... 

DW.COM

Реклама