Фотографија на денот: Преселба на новиот аеродром во Истанбул | Свет | DW | 05.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Преселба на новиот аеродром во Истанбул

Почна големата преселба од аеродромот „Ататурк“ на новиот мега-аеродром во Истанбул.

Селењето почна во текот на изминатата ноќ и треба да биде завршено за време на викендот. Веќе од недела наутро комплетниот авиосообраќај треба да се одвива од новиот аеродром. Во рок од 45 часа треба да се пренесат 50.000 тони материјал од аеродромот Ататурк во новото воздухопловно пристаниште. Големиот аеродром е престижен проект на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а преку него годишно треба да минуваат околу 90 милиони патници. На #ФотографијаНаДенот - терминал од новиот аеродром.

Реклама