Приоритет за вакцинирање во Турција имаат постарите лица, а многу од нив живеат во далечни и тешко пристапни села - предизвик за лекарите кои вршат вакцинирање
Лекарот Акај Каја и медицинската сестра Јилдиз Ајтен стигнуваат во зафрленото село Гунајјамач во источна Турција. Причината е вакцинација на жителите кои имаат 65 години или се постари, со кинеската вакцина Синовак – КоронаВак. Турција во средината на јануари успеа да вакцинира преку еден милион жители за само седум дена, но процесот во меѓувреме е забавен, зашто голем дел од постарите жители живеат во зафрлени села.