Фотографија на денот: Прв чекор до вселенската војска на Трамп? | Свет | DW | 20.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Прв чекор до вселенската војска на Трамп?

За почеток тоа е само декрет кој претседателот Доналд Трамп го потпиша на една од за него типични церемонии во Овалната соба на Белата Куќа. Создавањето на вселенски сили на САД веројатно ќе биде долго и скапо.

Актуелниот претседател на САД очигледно е повеќе од сериозен за своја програма ала „Војна на ѕвездите" (на оваа #ФотографијаНаДенот гледаме сцена од последниот филм во серијалот „Војна на ѕвездите“ :Последниот џедај) како онаа неуспешната на поранешниот претседател на САД Роналд Реган.

Вселенските воени сили или U.S Space Force покрај армијата, морнарицата, маринскиот корпус, воздухопловните сили и крајбрежната стража, треба да бидат посебна шеста гранка на американската војска.

Повеќе:

-Вселенската армија нема да донесе спас

-САД ќе формираат свои вселенски сили

„Мораме да бидеме подготвени", рече Трамп при потпишувањето на декретот од Белата куќа. Вселенските сили се „прашање за националната безбедност". Американскиот претседател сака ништо помалку од доминација во вселената -а како конкуренти ги гледа Русија и Кина. Навистина вселената веќе сега игра важна улога во одбраната во модерно водените војни.

 

Меѓутоа и Конгресот мора да ги одобри Вселенските сили. А таму, плановите на претседателот наидуваат на скептицизам од многу страни. Исто така, и од Пентагон и од Министерството за одбрана на САД, доаѓаат предупредувања за трошоците и за бирократијата.

DW.COM

Реклама