Фотографија на денот: први зимски радости | Панорама | DW | 16.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: први зимски радости

На оваа #ФотографијаНаДенот, мајка ѝ помага на својата ќеркичка да направи снешко со првиот снег во германското место Ербескопф.

Зимата полека ама сигурно се навестува во Германија. Деновиве со прва снежна покривка осамнаа и други повисоки региони во Германија. На Алпите на југот на земјата снег има веќе некое време но деновиве да речеме падна и првиот снег и во местото Ербескопф во покраината Рајнланд-Пфалц кое се наоѓа на 816 метри надморска височина. И се разбира со себе ги донесе првите зимски радости за многу деца- правење снешковци, санкање. На оваа #ФотографијаНаДенот Кристин Либолд и нејзината ќерка Луциа прават снешко од првиот снег.

 

Реклама