Фотографија на денот: Прва држава во светот со бесплатен јавен превоз | Панорама | DW | 23.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Прва држава во светот со бесплатен јавен превоз

Големото Војводство сака да биде прва земја во светот која нуди бесплатно користење на јавниот транспорт. Така треба да се намалат загадувањето на воздухот и индивидуалниот автосообраќај во Луксембург.

Без разлика дали автобусите, трамваите или возовите, целиот јавен превоз од 1 март наредната година ќе биде гратис. Единствено ограничување за корисниците: патувања со воз во прва класа. Ваквиот концепт вчера во градот Луксембург го претстави министерот за мобилност Франсоа Бауш и најави големи инвестиции во железницата и автобуси на електричен погон.  Кој ќе сака да го користи јавниот транспорт од март 2020 година, веќе нема да му биде потребен билет, туку само лична карта, рече Бауш. Од оваа мерка треба да профитираат и околу 200.000 патници, од Германија, Франција и Белгија кои секојдневно се возат до работното место во Луксембург. Со површина од речиси 2.600 квадратни километри, Луксембург е втората најмала земја-членка на Европската унија.

 

Реклама