Фотографија на Денот: Почнува 75. венецијанска Мостра | Панорама | DW | 29.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на Денот: Почнува 75. венецијанска Мостра

Годинешното издание на најстариот филмски фестивал во светот се разликува од претходните, бидејќи повеќе од кога било досега ќе го одбележат гламур и контроверзи.

Во Венеција од денеска (29 август) па до 8 септември се очекува да продефилираат глобални ѕвезди како Рајан Гослинг, Лејди Гага и Ванеса Редгрејв. Во програмата се значаен број ангажирани филмови кои говорат за расизмот или тероризмот, а контроверзи уште пред почетокот предизвика вклучувањето во програмата на продукции на Нетфликс како и фактот дека во натпреварувачкиот дел има само една режисерка.  Во конкуренција за главната награда на 75. Филмски фестивал во Венеција-Златниот лав ќе бидат 21 филмско остварување а доделувањето ќе биде одржано на последниот ден од фестивалот.

 

Реклама