Фотографија на денот: Починка во Авганистан | Свет | DW | 20.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Починка во Авганистан

Што ли сонува додека се движи?

Во турбулентни времиња дури и починката се прави во движење. Оваа фотографија со симболична сила е направена на улиците на авганистанскиот главен град Кабул, на кои животот е променет од корен откако власта во земјата ја презедоа талибанците. Промените не се дел од оваа фотографија. Тие се исклучени, исто како што момченцето го има исклучено движењето на велосипедот и спие сосема мирно.