Фотографија на денот: Почеток на карневалот | Панорама | DW | 11.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Почеток на карневалот

Во 11:11 часот денеска во Рајнската област почнува Петтото годишно време - карневалот.

Десетици илјади карневалисти во Келн, Диселдорф и Мајнц ја почнуваат овогодишната карневалска сезона, која завршува на 14 февруари, со т.н. Среда пепелница. Во старото градско јадро на Келн денеска се очекуваат повеќе десетици илјади луѓе, кои ќе пеат, пијат и извикуваат „Алаф“, а карневалскиот поздрав во Диселдорф, каде во центарот исто така се очекуваат илјадници карневалисти, е „Хелау“. Уличниот карневал ќе биде отворен на 8 февруари, а во меѓувреме карневалистите одржуваат традиционални собири.

Реклама