Фотографија на денот: „Посна“ жетва | Панорама | DW | 06.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: „Посна“ жетва

Поради големата суша во големи делови од Германија, жетвата почна порано, а приносите од житото се намалени, ќе бидат далеку под просекот од 47,9 милиони тони во последните пет години.

Вакви убави полиња со пченица како на #ФотографијаНаДенот, во Баден Виртемберг, годинава се реткост во Германија. Во големи делови од земјата владее суша, жетвата почна предвремено, а приносите од житото се намалени, некаде дури и преполовени. Оваа година беше исклучително неповолна за земјоделците, по влажната зима и студениот старт на пролетта, следеа исклучително високи температури, април и мај беа најтопли од почетокот на мерењето на временските температури во Германија.

 

Реклама